Ниту една повеќе, порачаа на денешниот протест пред Министерството за внатрешни работи по убиството на 31-годишната Росица Коцева и татко ѝ од нејзиниот поранешен партнер Ивица С. Росица неколку пати пријавувала во полиција дека поранешниот партнер ѝ се заканувал, а ја запалил и колата на татко ѝ. Присутните на протестот рекоа дека убиството на Росица е пропуст на институциите, кои несоодветно реагирале по нејзините пријави. Граѓаните од пред ...

Дел од присутните, зборувајќи на мегафон, порачаа дека случајот на Росица не смее да се сведе на бројка или статистика Фемицидот не е несреќа, не е трагедија што паднала од небо, тоа не се изолирани случаи, туку системска криза, симптом на длабока рана во општеството што со години крвари. Ова го порача една активистка во својот говор вечерва на протестот кај паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје, што се оддржа во организација на неколку ...