Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против ...