Ниту еден месец по свечената заклетва на новата македонска претседателка Гордана Силјановска-Давкова, кога се заколна дека ќе ѝ служи само на Македонија, без да ја спомене географската одредница, не стивнуваат унифицираните реакции од сите страни, со конкретна порака дека меѓународните договори мора да се почитуваат. Експресни реакции уште истиот ден стигнаа од официјална Атина, Брисел и од Берлин, а потоа во деновите што следуваа се редеа ...
Инфериорниот однос на македонските власти во заминување, односно некритички да ги прифаќаат забелешките од западните центри на моќ (и беспоговорно да се постапува), оставил простор и натаму да изгледа прифатлива некаква несиметрична агенда – со обврски исклучиво за Македонија. Ние не може да се надеваме дека со стратегијата „наведната глава сабја не ја сече“ и со безусловно исполнување на сите барања ќе дојдеме до посакуваната цел: интеграција ...