Подготовките за претстојните велигденски празници вообичаено започнуваат со набавка на поголеми количини јајца, но токму во овој период зголемената побарувачка на пазарот може да доведе до продажба на производи со сомнителен квалитет или изминат рок. Конзумирањето на расипани јајца претставува сериозен ризик по здравјето, па затоа е неопходно граѓаните да знаат како брзо и едноставно да ја утврдат свежината пред да започнат со вапсањето. ...
Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се фокусирани на сите фази од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел спречување на пласирање на небезбедни производи и сузбивање на нелегалната трговија. Инспекторите на терен проверуваат ...

