Данска е архивирана, мислите на нашите ракометари целосно се насочени кон Португалија. По поразот во првото коло од домашната селекција, Македонија веќе се фокусира на следниот натпревар во групата Б, кој може да биде одлучувачки за понатамошниот расплет во првата фаза. Средниот бек Игор Ѓоргиев смета дека Данска стана велесила во последните десет години и против нив е секогаш тешко да се игра. „Данска покажа дека во последните десет години е ...
Македонија не успеа да приреди изненадување на стартот од шампионатот во Данска, Норвешка и Шведска. Во првото коло загубивме од разиграната Данска, но сè уште ништо не е загубено. Доколку сакаме пласман во следната фаза, утре мораме да не загубиме од Португалија, селекција која што во последните години игра на високо ниво на големите ракометни собири. Капитенот Филип Кузмановски ги искажа своите очекувања за натпреварот со Португалија и ...

