Македонија влегува во нестабилен викенд, со променлива облачност, повремени врнежи од дожд и услови за локални грмежи, особено во попладневните часови. Сабота ќе биде претежно облачна во поголем дел од земјата, со почести врнежи во западните, југозападните и дел од источните региони. Во недела времето ќе остане нестабилно, но со повеќе сончеви интервали во делови од земјата. Сепак, и понатаму ќе има услови за локални врнежи, особено попладне. ...

Охрид, 23. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 22 степени. – Викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во ...