Кога по четвртото коло во Лигата на шампионите Бенфика немаше ниту еден освоен бод и беше закована на последното место на табелата, Жозе Мурињо беше мета на потсмев кога новинарите го запрашаа дали „сè уште верува“. „Специјалниот“ тогаш кратко одговори: „Да, верувам. Сè уште сме во игра“. Синоќа, по завршувањето на осмото коло, Бенфика не само што е „во игра“, туку се пласираше во плеј-оф фазата по една од најлудите ноќи во историјата на ...
По четири кола од лигашкиот дел од Лигата на шампионите, Бенфика немаше освоено ниту еден бод, беше закована на дното, па никој не веруваше дека можат понатаму. Но, тоа се случија, победија трипати на последните чеитри меча и благодарение на тој историски гол на Трубин одат понатаму. „Сум поминал многу работи, мислев дека за мене се е дежаву,но ова ми се случи за првпат“, вели Мурињо. „Знаевме дека Трубин може да даде гол. Губевме во Порто ...

