Во моментов дресот од новиот клуб на јужнокорејскиот фудбалер Хеунг-Мин Сон во Лос Анџелес е најпродаван спортски дрес во светот. Американскиот консумеризам не е ништо ново, но изненадувачки е фактот што продажбата на дресот на Сони, ја надмина онаа на Меси и Леброн. Откако пред неколку дена беше објавено дека продажбата предизвикала пад на веб продавницата на ЛАФЦ, вчера беше објавено дека дури и 3ХЛ дресовите што биле останати како последни ...

Дресот на Лионел Меси од Интер Мајами долго време беше најпродаван дрес во САД, но тоа веќе не е случај. Сега на врвот се најде Хеунг-мин Сон, фудбалерот од Јужна Кореја кој дојде во Лос Анџелес ФК од Тотенхем. Напаѓачот ги надмина сите спортисти кои играат во САД, не само Лионел Меси, туку и НБА ѕвездите како Леброн Џејмс и Стеф Кари. Веднаш по пристигнувањето во Калифорнија, дресовите со името и бројот на Јужнокореецот станаа вистински хит. ...