На големиот православен празник Петровден, утре (12 јули), во Кочани ќе биде осветен новопоставениот крст на кружниот тек кај хотел „Национал“, кој ќе претставува нов духовен белег на влезот во градот. Свеченоста ќе започне по завршувањето на Светата архиерејска литургија во храмот „Свети великомаченик Георгиј“, со почеток во 8 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По литургијата, околу 10 часот, ќе се ...
На Петровден беше осветен крстот на влезот во Кочани Во неделата во Кочани беше извршено осветување на новопоставениот Крст кој се наоѓа кај кружниот тек во близина на „Национал“. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г, Иларион, во сослужение на свештениците од кочанското архиерејско намесништво. Крстот е поставен во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија своите животи во ...

