Денес е денот кога Македонија го игра завршниот меч од квалификациите за Светското првенство идната година. Нашите фудбалери гостуваат во Кардиф, каде ќе бркаат победа за полесен противник во баражот. Денес завршуваат сите математики, сите пресметки, сите „што ако?“. Она што е важно денес е сплотеноста, борбеноста и срцето на терен. Можеме за многу работи во квалификациите да жалиме, особено за погодокот кој го примивме во 96-та минута против ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со нерешен резултат или победа на гостувањето во Кардиф против Велс, нашиот национален тим ќе го обезбеди второто место во групата, што значи и поповолен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот. Капитенот Енис Барди е убеден дека Македонија има сили да се справи со притисокот и предизвикот што ги ...