Заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ, вечерва во Бизнис21 на ТВ21 зборуваше за проектот Чебрен и Галиште. Тој рече дека ќе биде потребно многу време да се направи, ќе чини над 1 милијарда евра, но ќе биде трајно наследство за државата. „Чебрен и Галиште ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор, и со реализација ќе имаме и сриозен резервоар за вода, затоа што ќе биде битка и за питка вода. Предвидено е да се прави седум ...

На крајот на мандатот на ова Влада во 2028 да почнат активностите на терен, а по 7 години, до 2035 година, проектот Чебрен и Галиште да го види светлото на денот. Ова е визијата на Владата која во емисијата Бизнис 21 ја откри заменик-министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ. Вели ставот е тој да е македонски проект и ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор. А ЕСМ веќе преговара со банки за пари. Според првичните проценки би чинел ...