Дискотеката „Пулс“ била лоцирана во индустриска зона, простор каде според важечките прописи не е дозволено отворање на ваков тип угостителски објект, што отвора сериозни прашања за тоа како објектот добил дозвола за работа и кој дозволил да функционира на таа локација. Според информациите, индустриските зони се наменети за производствени и деловни активности, а не за ноќни клубови и дискотеки, поради што постојат строги правила за нивната ...
Општината Кочани барала да не се дозволи отворање на дискотеката „Пулс“ во објектот во кој лани се случи една од најголемите трагедии во Македонија. Уште на почетокот, кога во градот почнало да се зборува дека во тој објект ќе се отвора дискотека, Општината реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Ова сведечење на Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште во ...

