Делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, пред четири дена,на 21 февруари, го посети местото Ротимља, во близина на Мостар, каде што загина Претседателот Борис Трајковски и македонската државна делегација. На местото каде што се случи трагичната авионска несреќа, а сега е Меморијален центар, делегацијата на велешките извидници положи свежо цевеќе и оддаде почит на Претседателот Борис Трајковски кој беше еден од големите ...

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица денеска ќе одбележи 21 година од неговата смрт. Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ќе ја искажат својата почит, а за ликот и делото на Трајковски ќе говори градоначалникот ...