Комо е најпријатното изненадување во италијанската Серија А сезонава. На две кола до крајот, Комо е на шестото место на табелата и има реални шанси дури да се бори за четвртото место на крајот, затоа што заостанува само два бода зад четвртопласираниот Милан. Во Комо веќе размислуваат за засилувања за новата сезона, а прв на листата е Андреа Камбијасо од Јувентус. Тимот предводен од тренерот Сеск Фабрегас има потреба од повеќе домашни играчи ...

Комо размислува за потенцијален трансфер на Андреа Камбијазо од Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“. Клубот предводен од Сеск Фабрегас сака да ја засили екипата со повеќе квалитетни домашни играчи, со цел да ги исполни правилата на УЕФА за регистрација на составите во европските натпреварувања. Комо веќе обезбеди историски пласман во европските купови за сезоната 2026/27, но сè уште не е познато дали ќе настапуваат во Лигата на ...