Европската Унија разгледува можност повторно да активира дел од итните енергетски мерки воведени по руската инвазија на Украина во 2022 година, во обид да го ублажи новиот ценовен шок предизвикан од војната во Иран. Еврокомесарот за енергија Дан Јоргенсен изјави дека во моментов нема директна закана за снабдувањето со нафта и гас, но предупреди дека пазарите на рафинирани деривати, како дизел и авионско гориво, веќе се соочуваат со растечки ...

ЕУ е индустриска сила која е принудена да го увезува својот главен производствен инпут. Од сите нејзини слабости за кои се расправа повеќе од една деценија - од преголема бирократизираност, недостиг на иновативност, до парализа во одлучувањето - најголемиот структурен проблем е недостигот на домашни извори на енергенти и зависност од нивниот увоз. Денешната енергетска криза поради војната во Иран е само најнов доказ за таа фактичка ...