Фудбалерите на Реал Мадрид поведоа во дербито против Атлетико Мадрид (0-1) по само две минути игра во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија. Натпреварот на „Кинг Абдула Спортс Сити“ во Џеда тргна со мајсторија на Федерико Валверде. Капитенот на „кралевите“ изведе слободен удар од преку 25 метри и испрати „проектил“ во аголот од мрежата на Јан Облак. Претходно во Суперкупот финалист стана Барселона која со 5-0 го декласира Атлетик Билбао. ...

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа во градското дерби против Атлетико Мадрид (1-2) и се пласираа во финалето на Суперкупот на Шпанија. Натпреварот на „Кинг Абдула Спортс Сити“ во Џеда понуди многу возбудувања и три погодоци, а на крајот и „кралско“ славје. По само две минути игра беше отворен резултатот во Саудиска Арабија. Реал имаше слободен удар од околу 25 метри, одговорноста ја презеде Федерико Валверде и испрати „проектил“ во ...