СДСМ му постави јасен политички услов на владејачкото мнозинство: ако не се откаже од укинувањето на техничката, односно Пржинската влада, опозицијата ќе се повлече од работата на новиот Изборен законик. Пораката ја испрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека техничката влада не смее да се брише без политички консензус и дека тоа би значело удар врз единствениот механизам што, според опозицијата, обезбедува фер изборен ...

Власта „за“, а опозицијата „против“ во жолчна дебата по предлогот за укинување на Техничката влада, модел кој произлезе од Пржинскиот договор. Почна процесот за укинување на техничката влада, власта е „за“, опозицијата е „против“, а во меѓувреме, собраниските комиси ги минува и предлогот пратениците да имаат само македонско државјанство. И двата закони се носат со просто мнозинство, но седнцата се прзакажа за попладне. Политичките партии веќе ...

Политичките тензии растат по најавата за укинување на Пржинската влада – модел воведен по договорот во Пржино како гаранција за фер избори. Многумина го гледаат како клучен механизам за демократија, додека други сметаат дека ја кочи државата и треба да се напушти. Опозициската СДСМ најави дека ќе се повлече од реформите на Изборниот законик, додека мнозинството предводено од Христијан Мицкоски турка укинување на моделот. Дали Пржинската влада ...