На 16.11.2025 од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид и Струга, беше реализирана превентивно-едукативна кампања „Одговорно учество во сообраќајот“. Целта на кампањата е подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај возачите на моторни и други возила, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при управувањето со возилата што ќе придонесе за повисока безбедност ...
Во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и со претставници од РСБСП, по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, ја започнаа кампањата под мото „Заедно со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви“.За таа цел на возачите им беа делени летоци со едукативна ...

