Од полноќ, односно од 00:01 часот на 3 февруари 2026 година, во Северна Македонија стапуваат на сила нови највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, утврдени со одлука на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, бензините остануваат на исто ниво, но дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот се поместуваат нагоре – корекција што, иако на прв поглед „симболична“, директно ја допира најчувствителната точка ...

Дизел горивата од полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 отсто. Новата малопродажна цена на дизелот ќе биде 68 денари, а Екстра лесното масло за горење ќе се продава по 67 денари за литар. Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 72 денара за ...