Карлос Алкарас и Јаник Синер ја почнаа 2026-та година онака како што ја завршија минатата, односно со меѓусебна пресметка која е најава за една возбудлива натпреварувачка сезона. Иако стануваше збор за егзибиција и на моменти се играше максимално опуштено, кога дојдоа моментите на одлука се играше сериозно, па во дадениот случај како подобар и поскенцентриран излезе Карлос Алкарас. После два порази во низа од Синер на крајот на 2025-та ...

Натпреварувачката сезона 2025-та беше затворена со егзибициски турнир во Ријад и истиот го освои Јаник Синер, а новата 2026-та година беше повторно отворена со егзибиција меѓу најдобрите светски тенисери, овојпат во Јужна Кореја. Карлос Алкарас и Јаник Синер втора година по ред ги освоија сите четири грен слем титули, а пред главните возбудувања кои следат во Австралија, покажаа дека се најпопуларни тенисери со интересот кој го предизвикаа во ...