Според најновата проценка на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), вирусот Ковид-19 е најверојатно создаден во лабораторија, во Кина. Во извештајот на ЦИА објавен вчера, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека е „поверојатно“ вирусот да „излегол“ од лабораторија при некое истражување, отколку да се пренел од животни на луѓе. Агенцијата истовремено предупреди дека за ова тврдење има „низок степен на доверба“. ...
ЦИА сега веруваат дека вирусот одговорен за пандемијата Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија, а прстот го вперуваат кон Кина, иако имаат „ниска доверба“ во своите заклучоци. Проценката не се должи на нови разузнавачки информации, туку на деклацифицирање на извештај од ЦИА, по налог на новиот директор Џон Ретклиф кој во четврток положи заклетва. Севкупниот доказ го прави лабораториското потекло на вирусот многу поверојатно од ...