Манчестер Сити направи голем чекор во трката за титулата во Премиер лига, откако на домашен терен го совлада Арсенал со 2-1. Со овој триумф „граѓаните“ останаа во игра за првото место, а доколку го добијат и заостанатиот натпревар против Кристал Палас, ќе се израмнат со бодови со директниот ривал. Во случај двата тима да ја завршат сезоната со ист број бодови, одлуката за шампионот ќе падне врз гол-разликата, а доколку и таа е идентична, ќе ...

Трката за титулата во Премиер лигата влегува во својата највозбудлива фаза. Победата на Манчестер Сити во директниот дуел со Арсенал не ја реши дилемата за шампионот, но дефинитивно ги промени веројатностите. Сега, со поглед кон финишот на сезоната, навивачите се подготвуваат за сценарио кое може да биде решено буквално во последните минути од 38-то коло. Математиката е сурова: Што ако бодовите се изедначени? Доколку и Арсенал и Манчестер ...