Д-р Ристо Медароски, хирург – уролог во Општа болница во Охрид. Секој убав повод, буди прекрасни чувства во мене. Така е и со денот на моето раѓање. Тие што ме знаат, знаат дека обожувам друштво и секако кафеани. Традиционално торта, подароци, насмевки и бакнежи во кругот на семејството, сигурно ќе има време и за колегите и пријателите. Годините се само бројка. Се надевам дека новите 365 денови ќе бидат доволно убави и возбудливи. ...

-Голема благодарност на почитуваниот “Публицитет” за вниманието и одвоениот простор. Уште една година останува зад мене, напорна година полна со предизвици и премрежија, време во кое беше ставено на тест професионалното и човечко битие на сите нас. Денес, кога се сумираат огромните последици од пандемијата, славење роденден и не е некој приоритет, многу поважно е да покажеме повеќе одговорност и емпатија, да го сочуваме здравјето и да го ...

Денис Мурат – посилната половина од Дуо „ДИС“ Оваа година за мене е посебно среќна. Семејството ни се прошири. Јас и мојата сопруга Стефани го добивме синот Каин. Има неполни шест месеци а ни го смена животот на подобро за цели 180 степени. Во шега, а кој знае можеби ќе е вистина тој ќе биде идниот тапанар во нашиот бенд. Инаку, да се вратам на темата. Роденедените си ги сакам како можност за дружба со оние кои и секој обичен ден мислат на ...

Слаѓана Стојкова – Костоски, новинар-дописник за МИА. Зад себе оставам уште една година исполнета со радост, среќа и многу предизвици. Година што ќе ја паметам по доаѓањето на мојот втор ангел, Тео и погледот на двете мали очиња, охридски бисерчиња. Секако тука се и лудориите на Ана, малата грижлива сестричка. Не можам да ги изоставам и професионалните случувања и трката по нови вести и информации. Иако во изолација поради предизвикот со кој се ...