Трката за титулата во Англија станува пеколна. Манчестер Сити ја искористи својата шанса и со убедливи 3-0 против Фулам ја намали разликата во однос на лидерот Арсенал на само три бода. Тимот на Пеп Гвардиола го реши прашањето на победникот за само 15 минути во првото полувреме. Антоан Семењо уште еднаш потврди дека е „џекпот“ за Сити со својот петти гол на осум меча, а младиот Нико О’Рајли и незапирливиот Ерлинг Халанд само ја запечатија ...
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс предводена од Леброн Џејмс оствари триумф над Далас Маверикс од 124:104 во една од трите средби кои рано утрово се одиграа во НБА лигата. И без услугите на Дончиќ и центарот Ејтон, „езерџиите“ забележаа победа која беше на крилата на Џејмс, партија со која „кралот“ испиша нова страница во историјата. Леброн постигна 28 поени со 10 скока и 12 асистенции и стана најстариот играч со остварен трипл-дабл учинок. Со ...

