В среда со почеток од 17 часот ќе се одигра големото финале за шампион на Општинската фудбалска лига во Прилеп меѓу екипите на Стрела 21 и Кадица. Големото финале ќе се одигра на теренот со вештачка трева „Типски“ во Прилеп. До големото финале Кадица стигна откако беше убедлива против Кадино, а пак Стрела 21 преку пенали го доби тимот на Динамо од Мажучиште за финале. Инаку, екипата на Прилеп Сити се пласираше во А лигата, откако славеше над ...

Фудбалскиот клуб Кадица 1965 ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Прилеп, откако во драматичното финале славеше против Стрела 21 со резултат 3:2. Во возбудлив натпревар исполнет со борба и неизвесност, Кадица 1965 успеа да стигне до големиот трофеј и со тоа обезбеди право следната сезона да се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига. По завршувањето на финалето, шампионскиот пехар на новиот првак му го додели ...