23.03.2024 Едно време ја креваше публиката на нога, “Глумците Пеат”, музички спектакл со овации и аплаузи! По долга пауза се врати срамежливо минатата година, а оваа година се враќа во целосна форма. Некогаш, под водство на идејниот творец и обожаваниот актер Марин Бабиќ, се одржуваше на 27 Март, по повод Светскиот ден на театарот, овој пат ќе биде на 29 Март во Националната опера и балет. Она што неофицијално го дознаваме ќе има реприза и на 30 ...

Евровизија кај нас годинава ќе се одржува на 29 и 30 март на сцената на Националната опера и балет, не, не е шега, ќе биде и поубаво од тоа, затоа што на возобновената манифестација “Глумците пеат” оваа година ќе се пеат најголемите евровизиски хитови. Некогаш грандиозниот музичко- забавен перформанс, чиј идеен творец е легендарниот Марин Бабиќ по 15 годишна пауза, минатата година се врати со свое издание, а оваа година во полн сјај, и тоа како ...