„ Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО. Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи. Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата. Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации. Црна Гора (44,2 милиони €) за истражување и иновации. Ова е само една транша од многу, а ние требаше да добиеме многу повеќе ...

ВМРО им мачка очи на граѓаните со манипулација околу средствата од EU Reform and Growth Facility, реагира Венко Филипче, посочувајќи дека ова не е никаков голем реформски успех, туку обид да се прикрие фактот дека Македонија требало да добие многу повеќе средства од Европската унија. Според Филипче, средствата од овој европски механизам не можат да се споредуваат меѓу државите како да станува збор за ист пакет пари, бидејќи секоја земја ги ...