Давос, каде што обично се зборува за инвестиции и „стабилни пазари“, оваа недела личеше на демонстрација на политичка сила. По денови на закани дека ќе воведе нов бран царини кон европски сојузници ако Европа не попушти околу Гренланд, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се откажува од планираните царини поврзани со спорот. Одлуката ја врза со „многу продуктивен состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со наводна ...

Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД, пристап до минерали и блокирање на амбициите на Русија и Кина, со можни дополнителни американски бази и редефинирање на договорот од 1951 година, со согласност на Данска и НАТО. Деталите сè уште се финализираат. „Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен за САД, добива сè што сакавме, ...