Иако просечната нето-плата континуирано расте и често се користи како показател за подобрување на животниот стандард, податоците на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека овој статистички показател не ја отсликува реалната состојба на најголемиот дел од работниците во државата. Според анализата на ССМ, бројот на работници кои примаат плата во висина на просечната плата е речиси занемарлив. Во зависност од месецот, таква плата ...

За поголем дел од вработените просечната плата останува недостижна, а не нивна секојдневна реалност. Меѓу 50 и 58 проценти од сите вработени примаат плата до 36.900 денари, односно минимална плата или плата блиску до минималната, вели Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање. Според него, ова покажува дека најголемиот дел од работниците се наоѓаат во најниските платни групи, што директно влијае врз животниот ...