1 Ај нека завршат избориве. Не само што ми е смачено од кампањава, туку некако веќе ми е срам да зборувам за ѓубрето низ Скопје. Ова, бре, излезе како некоја невозможна мисија, некоја научна фантастика да е процесот на собирање ѓубре од канти и контејнери. Како ли успеваат ѓубрето да го собираат во други земји каде што градоначалниците не се од истата партија од која што е премиерот? Кај нас, еве, цели дебати и анализи се прават на темата дали е ...

Кај и да е, ќе поминат и тие фамозни 72 часа, па ќе заборавиме и на уцената со ѓубрето. Не знам дали имаат мака луѓето низ другите општини, ама кај нас во Скопје идат магливи денови, па ние ќе почнеме да се жалиме на загадувањето. Е, тоа не беше тема на овие локални избори. Па еден ден ќе заврне дожд, сите ќе излеземе со коли и ќе заглавиме со часови во сообраќај. И тоа не беше тема на овие локални избори. Сѐ додека еден ден сабајле не нѐ огрее ...