Филмот на македонскиот режисер Георги Унковски, „Диџеј Ахмет“, кој му е прв, по неодамнешната светска премиера на престижниот филмски фестивал за независен филм „Санденс“ во САД, собра бројни позитивни рецензии, меѓу кои и во реномираните „Холивуд репортер“ и „Варајети“. Дејствието на филмот е сместено во јуручкото село Коџалија во Источна Македонија и ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој наместо да чува овци сонува да стане диџеј. ...
„Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија за момчето Ахмет од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта Tрогателнoто играно деби на писателот и режисер Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“, собира бројни позитивни рецензии. Филмот синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот „Санденс“ во ...