Време е за ново поглавје од најголемото дерби во македонскиот спорт! 🇲🇰🔥 Сите погледи утре (недела, 15 март) од 19:00 часот ќе бидат вперени кон преполната сала „Боро Чурлевски“, каде актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го пречекува лидерот Вардар во рамките на 2. коло од плеј-офот на македонската ракометна Суперлига. Овој натпревар има тежина на финале. Вардар пристигнува во Битола со 4 бода предност (44 наспроти 40), што значи дека ...

Ракометарите на РК Вардар 1961 остварија важна победа во големото македонско дерби против РК Еурофарм Пелистер, со што направија значаен чекор кон шампионската титула во домашната Суперлига. Во натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“, вардарци славеа со убедливи 31:24, откако во второто полувреме успеаја да создадат голема предност која ривалот од Битола не успеа да ја надомести. Дуелот беше израмнет во првиот дел, во кој двете екипи се ...