Шкендија не менува ништо ова лето во Европа, барем кога се во прашање директните преноси на ТВ. Имено фановите во Македонија досега сите пет меча на Шкендија во Европа можеа да ги проследат низ директен ТВ пренос на МТВ 2. А Шкендија како клуб ги плаќаше ТВ правата. Па така и во четврток од реванш мечот со Хиберниан, домашните фанови ќе можат ја гледаат Шкендија на МТВ 2. Секако дека клубот сака што поголема поддршка од трибините на Арената ...
Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија го пречекува Хиберниан во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. На првиот меч во Шкотска беше 2:1 за Хиберниан, што значи дека вечерва нашиот европски претставник ќе мора да победи ако сака пласман во плеј – офот во ова натпреварување каде би играл со подобриот од двомечот Гетеборг – Гент. Инаку ова ќе биде јубилеен 75-ти европски меч за Шкендија во ...
Хиберниан вечерва гостува кај Шкендија во Скопје, во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ама шкотскиот тим и тоа како ќе ја има поддршката од своите фанови. Имено од таборот на Шкендија велат дека очекуваат на трибините на Арената “Тодор Проески“ да има околу 500 шкотски фанови кои веќе се во Скопје. Тие го разгледуваат главниот град на Македонија, секако дека ги посетуваат и кафулињата во центарот на Скопје и со ...
Секоја чест за шкотски Хиберниан, но фактите говорат дека ова е неуспех за Шкендија. Елиминацијата уште во третата квалификацска рунда е НЕУСПЕХ. Кој како сака нека си ги сфати ова, но Шкендија во овој двомеч беше фаворит. На ждрепката беше носител. Од првиот меч од Единбург, кој тетовци го одиграа сосема добро, имаа 1:2, и требаше вечерва на Арената во Скопје, пред своите фанови со една агресивна и напаѓачка игра да се дојде до победа и ...

