Христијанските верници денеска го одбележуваат големиот празник Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта. Празникот се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи и традиции. Со поздравот Христос се роди, навистина се роди, се слави Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква утрово се одржаа божиќни литургии. ...

„Христос се роди, навистина се роди“ – овие зборови изутрината одекнаа во соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. Храмот беше претесен да ги собере сите верници кои дојдоа на свечената божиќна литургија па со молитви, свеќи во рацете и света причест, православните верници го одбележаа еден од најголемите христијански празници, раѓањето на Исус Христос. Сите со исти желби и надеж за добро здравје, мир и благосостојба во своите домови. ...