Планинарско-спортскиот клуб „Бистра“ од Гостивар, чија традиција трае повеќе од 40 години, го најави 33. традиционален марш „Аџина Река 2026“. Настанот ќе се одржи на 14 јуни, недела, кога љубителите на природата и планинарењето повторно ќе имаат можност да бидат дел од еден од најпрепознатливите планинарски настани во регионот. Годинава учесниците ќе се движат по изменета патека, со можност за искачување на врвот Радика, на 2.218 метри ...

Планинарско спортскиот клуб „Бистра“ од Гостивар годинава за првпат ги проширува своите активности и покрај планинарските предизвици започнува со нов вид авантури – на море. Група од десетина членови на клубот ја реализира првата јахтинг тура во организација на ПСК „Бистра“, едрејќи низ островите на Северните Споради во Егејското Море. Турата се одвива во периодот од 30 мај до 6 јуни. Учесниците запловија од грчкото пристаниште Волос и пловат ...