Килијан Марфи не завршил со Томи Шелби и откако освои Оскар за „Опенхајмер“ ќе се врати во Бирмингем за да снима филм „Пики Блајндерс“ како продолжение на хит-серијата. „Нетфликс“ и официјално даде зелено светло за долго најавуваниот филм, во кој Марфи ќе биде главен актер и продуцент. Сценариото го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, а снимањето треба да почне подоцна оваа година. Деталите за дејството и за актерската екипа засега се ...

Официјално е потврдено дека ќе се снима филмот „Пики блајндерс“, како продолжение на добро познатата серија. Оскаровецот Килијан Марфи повторно ќе се врати во улогата на познатиот гангстер Томас Шелби. Како што објави „Дедлајн“, Марфи, освен што ќе ја повтори улогата, ќе биде и продуцент на филмот. Снимањето започнува кон крајот на оваа година, а Нетфликс ќе го води во соработка со Би-би-си, кој ги емитуваше сите шест сезони од серијата пред ...