Советникот Методија Илиевски и потпретседател на СДСМ со демант Категорично ги демантирам пишувањата кои денес се појавија во дел од медиуми за наводно разногласие помеѓу мене и колегата советник Петар Николовски. Во интервјуто кое дел од медиумите го споменуваат, јасно и недвосмислено кажав дека "во Битола, градоначалникот кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ, во период од четири години не започна ниту еден капитален објект, а општината е ...
По реакцијата на битолската ВМРО ДПМНЕ дека Николовски и Илиевски даваат различни оценки за општинската каса, односно дека има разногласие, со партиска реакција се огласи битолската СДСМ од каде велат дека СДСМ се консолидира и тоа не треба да биде причина за вознемиреност кај политичките опоненти. „Напротив, сериозна опозиција во моментов е повеќе од потребна во Битола. Оркестрираните напади кон нашата општинска организација дополнително ги ...
Советникот Петар Николовски по критиките на ОК ВМРО ДПМНЕ дека има разногласие во ставовите меѓу него и потпретседателот на СДСМ и советник Методија Илиевски околу состојбите во општина Битола, објави заедничка фотографија со Илиевски и порача политичките противници да не се грижат за односот меѓу нив двајцата оти како што вели - Никогаш не сме биле поединствени и поодлучни да се стави крај на пустошот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола! - Не грижете се ...