Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е издвоен како најдобар играч на мечот во вчерашната победа на Левски над Арда од 1-0 во 29. коло од шампионатот на Бугарија. Исклучително важна победа на Левски во трката за шампионската титула сезонава, извојувана против исклучително тежок противник, во крајно цврст, тежок натпревар. А, низ сите 90 минути, како најдобар поединец на мечот се издвои токму нашиот Серафимов кој покрај беспрекорноста ...

Младиот македонски офанзивец Георг Стојановски продолжува со одличната форма оваа пролет во дресот на бугарскиот суперлигаш Спартак Варна. Стојановски е најзаслужен за повеќе од значајната победа за Спартак од 1-0 против директниот конкурент за опстанок Добруџа во 29. коло од шампионатот на Бугарија. Гео, кој го одигра целиот натпревар за домашниот тим, постигна ефектен гол во 34. минута кој донесе важни три бода за составот кој е предводен ...