Легендарниот бразилски фудбалер Зе Роберто (51), познат по својата импресивна кариера и неверојатната физичка форма дури и во пензионерските денови, во едно неодамнешно интервју за бразилскиот портал „Ге Глобо“ сподели урнебесна, но и искрена исповед за неговиот неуспешен престој во Реал Мадрид на почетокот од кариерата. Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 1997 година како огромен талент, но одигра само 21 натпревар во една ...

Жозе Роберто Да Силва Жуниор, или надалеку попознат како Зе Роберто најмногу остана во сеќавање по настапите кои ги имаше за Баерн Минхен и бразилската репрезентација, а малку кој памети дека еден период од кариерата го мина и во Реал Мадрид. Офанзивниот крилен фудбалер запиша повеќе од 80 настапи за националниот тим на Бразил и важи за жива легенда на Бундеслигата, па иако во шестата деценија од животот плени со својата посветеност и начинот ...