Прашина и дупки кога времето е суво, но кал и вода кога врне дожд и снег – вака 53 годишниот Бранко Јаневски од село Спанчево ќе го опише патот пред неговата куќа. Тој е инвалид веќе 13 години, човек во инвалидска количка, кој често треба да оди на доктор. Но, вели до неговата куќа не доаѓа никакво возило, ниту такси, ретко Брза помош бидејќи патот е во катастрофална состојба. Дециден дека овде во селото може да се движат само трактори. ...

53-годишниот жител на кочанското село Спанчево, Бранко Јаневски, 13 години е во инвалидска количка и исто толку време бара од Општина Чешиново-Облешево да го асфалтира патот во нивното село и до неговата куќа. Поради лошата состојба на патот, тој не може да биде превезен до Кочани или Скопје, каде што често заминува на лекарски прегледи и контроли. „Такси возилата воопшто не сакаат да доаѓаат до мојата куќа за да бидам превезен во Кочани или ...