Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од денес, започна со работа Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“, кој ќе може да се посети секој ден во периодот од 08.00 до 19.00 часот. Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид и оваа година ќе организира „Летна пливачка школа“ на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“, при СРЦ „Билјанини извори“. – Школата започна во среда на 1 јули 2026 година, а термините се прилагодени на Вашите можности, со активности ...
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека од денес, 3 јули 2026 година Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ официјално започнува со работа. Работно време на базенот, како што информираат од претпријатието, ќе биде секој ден од 08.00 до 19.00 часот. Пливачките школи ќе започнат со работа од 06 јули, понеделник, а обуките ќе се реализираат во термините од 08.00 до 13.00 часот и од 17.30 до 19.00 часот (мало корито). ...

