Добар настап на Македонија во првиот дел од средбата со Португалија. Да, имаме два гола негатива кои дојдоа во самиот финиш на првото полувреме. Но, четата на Кире Лазаров игра храбро, одважно против големиот фаворит. Секако дека за одбележување е потегот, “бомбата“ на Марко Митев со кој ја “скина“ мрежата Португалците. Овој момент го одбележа и медија – тимот на ЕХФ, постирајќи го голот на Марко и со прашање: “Дали Марко Митев е идната ...

Марко Митев, организаторот на играта на Македонија покажа уште еднаш дека е класа ракометар. И не само што ги “разигра“ своите соиграчи, туку во второто полувреме наоправи потег кој ги воодушеви сите, па и медија – тимот на ЕХФ кој на социјалните мрежи постираше видео од голот на Марко за 18:14. Македонецот едноставно си се прошета низ одбраната на Романија и постигна убав гол. А ЕХФ се запраша: “Дали е тоа Марко Митев или Лук Стајнс“? Со ...