По поминувањето на ураганот Мелиса, жителите на пристанишниот град Блек Ривер во Јамајка одат по калливите улици барајќи храна меѓу урнатините. Други се обидуваат да пронајдат шишиња вода или било какви залихи во разрушените продавници. Додека бројот на загинати постојано расте, преживеаните сè уште ги бараат своите најблиски, соочувајќи се со денови без електрична енергија и без вода за пиење. Според извештаите на BBC, оваа заедница веќе три ...

„Владата на Јамајка со големо жалење потврдува дека 28 лица загинале како резултат на ураганот Мелиса. Им изразуваме искрено сочувство на семејствата, пријателите и заедниците кои тагуваат поради загубата на своите најблиски“, изјави јамајканскиот премиер Ендру Холнес во објава на социјалната мрежа X. Јамајканскиот министер за информации, Дана Морис Диксон, изјави дека има цели населби кои се практично отсечени, додека некои области се целосно ...