„Победата на кандидатот на ДУИ, односно НАИ, во Брвеница е резултат, пред сè, на погрешниот политички пристап на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“, смета политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Зуди Џелили за пресвртот во Општина Брвеница по првиот круг и победата на Аркин Јахији на изборите за градоначалник. Според Џелили, Мицкоски дојде на власт со националистичка реторика и ставови кои често беа перципирани ...

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа тројански коњ својот коалициски партнер Вреди, обвинувајќи го дека одработил во корист на ДУИ на изборите во Брвеница, каде што победи Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ. Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што ...