Охрид, 26. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Аквилина. Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки. Кога настана ...
Охрид, 27. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светиот пророк Елисеј. Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна ...
Охрид, 28. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Маченици Вит, Модест и Крискентија. Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата ...
Охрид, 29. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Тихон, епископ Аматунтски. Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и голема ревност за Православието. Во тоа време, сè уште имаше незнабошци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за ...

