Домашната магија во Торино продолжува, а Јаник Синер изгледа незапирливо. Италијанскиот миленик го „чекираше“ своето место во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс, откако по третпат во само 17 дена го совлада Александар Зверев, овојпат со убедливи 6-4, 6-3. Ова прераснува во вистинска доминација. Германецот, кој некогаш водеше со 4-1 во меѓусебните дуели, сега се наоѓа во серија од пет порази по ред против Синер. Последниот триумф на Зверев ...

Јаник Синер ја започна одбраната на својата титула на АТП Финалето во Торино токму онака како што посакуваше домашната публика, со сигурна победа од 7-5, 6-1 против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Дуелот траеше еден час и 40 минути, а Италијанецот делуваше стабилно и концентрирано од почеток до крај. Синер одигра речиси совршен меч: освои 89% од поените на првиот сервис (32 од 36), не дозволи ниту една брејк топка и реализира три брејка од ...