Албанската владејачка коалиција ВЛЕН синоќа прикажа целосно единство во поддршка на Билал Касами, актуелен градоначалник на Тетово, кој се кандидира за втор мандат на локалните избори. Еден од лидерите на коалицијата, Зеќирја Ибрахими, сподели на социјалните мрежи заедничка фотографија од лидерите на ВЛЕН, направена во Тетово, придружена со јасна порака за поддршка на Касами. „Работен состанок со сегашниот и идниот градоначалник на Тетово. ...
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар. Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто на заедницата. ...


 
            