Се чини дека „медениот месец“ на Оливер Гласнер во јужен Лондон одамна заврши, а неговата иднина на „Селхурст Парк“ сега виси на тенок конец. По шокантното реми во Конференциската лига и отворениот бунт на навивачите, австрискиот стратег денеска даде изјава која воопшто не ги смири страстите. По срамното реми (1:1) против босанскиот Зрињски Мостар во Конференциската лига и серијата од само една победа на последните 15 натпревари, менаџерот ...

Иако пред неколку недели австрискиот тренер Оливер Гласнер кажа дека оваа сезона ќе биде негова последна на клупата на Кристал Палас, англискиот тим ја разгледува можноста да му врачи отказ, по разочарувачкото „реми“ против Зрињски во првиот меч од плеј-офот во Лигата на Конференции. Сепак, Австриецот може да добие отказ пред завршувањето на сезоната, пишуваат англиските медиуми. Палас оваа сезона не игра според очекувањата, па затоа ...