Повторно деградирани јавните површини во населбите Воска и Даљан од несовесни поединци, реагираат од ЈП Охридски Комуналец. Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м3 кабаст и зелен отпад, посочуваат. Воедно, апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност во зачувување на животната средина, додавајќи дека секое депонирање на отпад на несоодветни локации ќе биде санкционирано. OhridNews ...

Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – И повторно… мапирани и исчистени диви депонии во населбите Воска и Даљан. Службите на ЈП „Охридски комуналец“ и овој пат го расчистија она што несовесни граѓани го одложиле таму каде не треба, деградирајќи јавни површини и загрозувајќи ја животната средина на околното население. – Мапирани се диво создадени депонии на 6 локации во овие населби од каде се подигнат 55 м³ кабаст и зелен отпад. Апелираме до ...