Вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 37-годишниот М.Б. од Арачиново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници во село Љубодраг, кумановско, запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Б. и било утврдено дека управувал со возилото со брзина од 91 километри на час во населено место, каде максимална дозволена брзина е 40 километри на час. По целосно документирање на настанот, против ...

Вчера во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода П.Д.(26) од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе ...